Спутник 5: Објавено кога ќе започне масовната вакцинација во Русија

од Nikola Popovski

Според местото на живеење, масовната вакцинација против вирусот корона веројатно ќе започне веќе во ноември, изјави директорот на центарот „Гамалеја“, Александар Гинцбург.

„Тој момент е се поблизу. Од почетокот или средината на ноември, не десетици илјади, но стотици илјади дози на вакцината ќе бидат пуштени во цивилна употреба. Се разбира, сите лекари и наставници веќе ќе бидат вакцинирани. Веројатно, Министерството за здравство веќе планира да започне вакцинација според местото на живеење“, изјавил Гинцбург.

Претходно, министерот за економски развој, Денис Мантуров, објави дека производството на вакцината „Спутник V“ против коронавирусот во Русија може да се зголеми пет пати во споредба со октомври оваа година.

Во исто време, тој изјавил дека до крајот на годината, индустрискиот сектор може да започне со производство на третата руска вакцина против Ковид-19, што ја тестира научниот центар „Чумаков“.

Вакцината „Спутник V“ произведена од Институтот за научно истражување „Гамалеја“ на 11 август доби потврда за регистрација од Министерството за здравство на Русија, со што стана првата регистрирана вакцина против вирусот во светот. Во моментов, тековите за пост-регистрација на вакцината се во тек, во кои учествуваат 40 илјади волонтери. Првите резултати од тестовите по регистрацијата се очекува да бидат објавени во октомври-ноември 2020 година.

Слични содржини