„Спутник V“ пристигна во Аргентина (видео)

од Nikola Popovski

Авионот со првите дози на руската вакцина против Ковид-19 „Спутник V“ слета во Аргентина, јави дописникот на Спутник.

Испратени се вкупно 300.000 дози. На меѓународниот аеродром Езеиза, меѓу другото, авионот го пречекале премиерот на земјата Сантијаго Кафиеро, министерот за здравство Гинес Гонзалес и амбасадорот на Русија Дмитриј Феоктистов.

Вакцината прво ќе им биде дадена на лекарите. По испораката на новите дози, се планира да се вакцинираат старите лица, вработените во безбедносните сили и полицијата, а потоа и други граѓани. Се планира да бидат вакцинирани вкупно 10 милиони луѓе до март.

Вакцинацијата е закажана да започне следната недела.

Аргентина претходно одобри употреба на руска вакцина против коронавирус, што беше потврдено и од Рускиот фонд за директни инвестиции, производител на руската вакцина.

Во август, Министерството за здравство на Русија ја регистрираше првата вакцина во светот за превенција од Ковид-19, која беше изработена од Научниот институт „Гамалеја“ заедно со Рускиот фонд за директни инвестиции.

Слични содржини