Србакоски: Единствениот инцидент во Вевчани што се случи беше оркестрација на една умрена политичка партија да добие неколку поени

од Nikola Popovski

Одбивам да се пра жертвата и со сила да се жала дека некој нешто ми згрешил.

Заворше еден од најубајте карневали што Вевчани ги видело. Понекваш не е до маските колку што е до околностите во кој што се случвит.

Во период кога цел свет е затворен, блокиран и под карантин нас вевчанците ни беше даена една огромна привилегија да си го организираме карневалот и да си го напрајме адетот што се праел милениум и пол уназот. Дури некако нефер према другите карневали и разноразни јавни настани низ светот кои сите имет фиксни забрани да не ни помислет да организирет нешто.

Фала им на министерство за внатрешни работи што ни излегве во пресрет, ни понудие супер понуда за организирање на карневалот, не заштитие колку толку од шугавите пропагандни работници и фејкњузери кои си се самонареквет новинари а не се тва, фала им што не толерирае нас василичарите за све што праевме освен во 2-3 наврати колку да се речит дек не терае да следиме некои норми на социјално дистанцирање, освен тва во нити еден момент не ни го пореметија трансот и уживањето во карневалот. Единствениот инцидент што се деси беше политичка оркестрација на една умрена политичка партија да добие неколку политички поени, ама толку бее провидни сите ги видве и никој не им поверва и само си напрае кловној од себе, битни им бее само 2-3 слики за во нивните пропагандни медиуми да се ширет со лажни приказни, за тва дебело ќе им бит платено од партијата не жалете ги. А тва со знамето не е ништо, порво и порво се горет СИТЕ реквизити на крајот од карневалот, второ бугарите се пред избори и од влакно фортома ќе прает ако им помогнит во изборите да придобиет националисти.

Пак ќе реча фала им на МВР и на сите командири и офицери од околјава што разбирет што значит карневалов за нас и што не испоштовае вака, вевчанецот памтит.

Фала му и на градоначалникот што си е одигра најубо улогата, ги покажа лидерските способности во преговорите со мвр, и најбитни не ни се измеша политички, на негово место други во ваква ситуација само ќе гледаат да извадат политички поени.

Фала им на сите што излегве да се маскирет или само да гледет и на било каков начин учествувае во денот.

Фала му на јуначено од Костета Јанков што не знам дали имат 5 години а САМО со топанчето е возеше цела атмосфера на 14ти и тва сат два можда тропаше, другите музичари дур собрае храброст да се појавет.

Фала им на сите мали дечиња што ги видов маскирани и што одее заедно со сите василичари, вие сте гордоста на Вевчани!

Фала им на музичарите што излегве на 14ти

Фала им и на музичарите што не излегве на 14ти

Фала им и на сите пијани што не можее да станет на 14ти

Фала Ви на сите, иначе ќе немавме олку убав карневал и не ќе можевме да се фалиме за вечни векој дека ние вевчанци за Нова 2021 Година излеговме и го напрајвме карневалот по сите традиции и нишани наспроти целиот свет кој е затворен од страв. Не гледајте ситно и краткорочно, ове ко ќе го кажвиме за 5-10-50-100.. години никој немат да се сештат за ситниците политиките и глупостите од медиумите, ќе се сештат само дека ВЕВЧАНИ Е ПОБЕДИ КОРОНАТА!

СПОЛАЈТИ ГОСПОДЕ ШТО СЕ РОДИВ ВЕВЧАНЕЦ!

Фејсбук пост на Ранко Србакоски

loading...

Слични содржини