Србија повторно одби да воведе санкции кон Русија

од Radmila Tasevska

Србија повторно е единствената земја-кандидат за членство во Европската унија во регионот која не ги почитувала новите одлуки на Советот на ЕУ во однос на рестриктивните мерки поради „поткопување и загрозување на територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина или дестабилизација на состојбата во таа земја“, пренесува N1.

Ова во вторник го соопшти високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, пренесува EWB.

Во соопштението се наведува дека Северна Македонија, Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина ги почитувале петте одлуки на Советот на ЕУ од декември во врска со санкциите против Русија.

„Тие земји ќе се погрижат нивните национални политики да бидат во согласност со одлуките на Советот, а ЕУ ја забележува таа посветеност“, рече Борел.

Слични содржини