Србија ги откри имињата на земјите кои го повлекле признавањето на Косово

од Nikola Popovski

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва оценил дека официјален Белград се соочува со тешки предизвици во однос на Косово и посочи дека девет земји го повлекле признавањето на независноста на Косово.

На годишната прес-конференција во Палата Србија, тој рекол дека во моментов 106 земји не ја признаваат независноста на Косово, 84 ја признаваат, додека, како што рече, три држави не соопштиле дефинитивна одлука.

Тој рече дека девет земји го повлекле признавањето на Косово и дека станува збор за Сомалија, Буркина Фасо, Габон, Есватини, Либија, Гвинеја, Антигва и Барбуда, Света Луција и Малдиви, напоменувајќи дека ја „чека десетата земја“.

Тој нагласил дека Белград не направил ниту еден инцидент или унилатерален потег и дека, како што рече, „мирот едвај бил зачуван“.

„Во ниту еден момент не провоциравме никого, освен ако некои не кажат дека нашите граѓани не ги доживуваме како сограѓани или Косово и Метохија како наша територија“, вели Вучиќ.

Тој порачал и дека официјален Белград ќе ја продолжи својата борба и дека, како што додаде, секогаш ќе сака мир со Албанците.

„Секогаш ќе сакаме почитување на сите договори што ги потпишавме, а тие бегаат од сите шест, и Албанците и меѓународната заедница“, потенцирал Вучиќ.

Тој изјавил дека Србија ќе продолжи да ги штити слободата и независноста и оцени дека тоа нема да биде лесно или едноставно.

Слични содржини