„Срби и Руси, браќа засекогаш!“: Собир за поддршка во Белград

од Nikola Popovski

Нов собир за поддршка на Русија во Белград се одржал пред Споменикот на цар Николај Втори Романов,  а насобраните потоа се упатиле кон Руската амбасада.

На собирот на кој присуствувале и членови на мото клубот „Ноќни волци“ се собрале илјадници луѓе. Се вееја српските и руските знамиња, извикувајќи: „Србија, Русија!“.

Се слушнаа и химните на Русија и Србија, а насобраните скандирале: „Србин и Русин, браќа засекогаш!“, „Косово е срцето на Србија“, „Русија, те сакаме“ и „Ура!“.

Тие носелефотографии од рускиот претседател Владимир Путин и симболот „З“, како оној на руските воени борбени возила.

На пат кон руската амбасада, учесниците застанале во амбасадата на Белорусија и извикувале: „Белорусија“, „Лукашенко“, „Извинете за санкциите“, како и „Срби, Руси, Белоруси“.

Слични содржини