Србија: 250 нови случаи на заболени од коронавирус за 24 часа, 6 починати

од Vladimir Zorba

Во Србија потврдени се уште шест смртни случаи од КОВИД-19 во последните 24 часа, со кои вкупно 80 лица се починати, а по тестирањето на 1.930 лица од саботата во 15 часот, потврдени се 250 новозаболени, објавија српските здравствени власти денеска.

Од почетокот на епидемијата, тестирани се 18.312 лица, вкупниот број на пациенти се 3.630, хоспитализирани се 2.684 пациенти, а 146 се на респиратор, соопшти Кризниот штаб на Владата на Србија.

Просечна возраст на починатите е 57,5 ​​години, а процентот на смртни случаи во однос на бројот на потврдени заразени лица е 2,2 проценти.

Пријавени се вкупно 44 заболени во старечки домови и „во тек е надзор за да се спречи инфекцијата на коронавирус да се прошири“.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, претходно во неделата истакна дека бројот на пациенти, кои се ставаат на респиратори, сè уште се зголемува.

„Ужасно важно е да се започне со намалување на бројот на лица на респиратори и зголемување на бројот на Саемот (во привремената болница за пациенти со полесна клиничка слика)“, рече Вучиќ при одговарање на прашањата на граѓаните на ТВ Прва.

„Болниците се преполни, иако осум болници во меѓувреме се претворија во таканаречени „ковид центри“, рече тој, и направи проценка за времетраењето на вонредната состојба.

„Најрано крајот на април, а најдоцна во мај може да се очекува да ја укине вонредната состојба, воведена на 15 март за 90 дена“, рече тој.

„Дури и да ја укинеме вонредната состојба до крајот на мај, во таа најлоша опција и да почнеме да работиме во јуни, нема да има намалување на платите и пензиите“, рече тој.

„Приходите се драстично намалени, расходите се драстично зголемени како резултат на инвестициите во опрема, тестови, лекови. Ние нема да ги намалиме платите во јавниот сектор и ќе гледаме многу да му помогнеме на приватниот сектор“, рече Вучиќ.

Слични содржини