Србија: 359 новозаразени во последниве 24 часа, 80% се од Белград!

од Vladimir Zorba

Во последните 24 часа, 9.013 лица биле тестирани за коронавирусот во Србија, 359 од нив биле позитивни, додека, за жал, починале шест пациенти, пренесе „Блиц“.

Според најновите податоци од Министерството за здравство и Институтот „Трампилин“, има 81 лице на респиратори низ цела Србија.

Како што дознаваат од медиумот, 80 проценти од новите пациенти се од Белград!

Слични содржини