Србија: 8 починати и 411 новозаразени со Ковид-19 во последниве 24 часа

од Vladimir Zorba


Во последните 24 часа како резултат на коронавирусот починаа уште осум лица во Србија, додека други 411 се новозаразени

Така, вкупниот број на смртни случаи од почетокот на епидемијата се искачи на 526.

Во последните 24 часа, 9.349 лица биле тестирани за вирусот во Србија.

Во моментов има 170 пациенти на респиратори додека 4.544 пациенти се хоспитализирани.

Слични содржини