Србија: Бројот на новозаразени се намалува

од Stefanija Kuzmanovska

Во Србија, во последните 24 часа, уште 1.277 лица од 13.206 тестирани биле заразени со коронавирус, а 20 пациенти починале.

Од 1.277 нови случаи на коронавирус, најмногу се регистрирани во Белград, 237, додека другите градови бележат помалку од 70 нови случаи.

Нови 64 случаи на коронавирус се регистрирани во Нови Сад, а 44 нови случаи се регистрирани во Ниш.

Следува Нови Пазар со 35 нови случаи, Шабац со 31 и Заечар со 28 нови случаи на коронавирус.

Во Јагодина и Зрењанин се регистрирани 27 нови случаи на коронавирус, во Ваљево 26 и во Смедерево 25.

 

Слични содржини