Србија денес на третото место по бројот на починати од корона во Европа

од Stefanija Kuzmanovska

Според страницата worldometers.info, која ги следи дневните пресеци на епидемијата на коронавирус во земји низ целиот свет, денеска Русија има најголем број смртни случаи од Ковид 19 во Европа (174), потоа следи Велика Британија (48) и третото место го делат Србија и Украина со по 18 смртни случаи.

Србија е веќе неколку дена на врвот на оваа листа: таа беше на 9-то место со 11 смртни случаи вчера.

Освен ненадејниот скок на бројот на смртни случаи – денешните 18 се двојно повеќе од максималниот број на смртни случаи за време на првото појавување на коронавирусот (во април) – загрижува фактот што Србија води на овој список дури и во однос на земји со многу поголем број на население.

Слични содржини