Србија донираше 30.000 дози Спутник V на Намибија

од Nikola Popovski

Министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ, денеска пристигна во Намибија, а причина за таа посета е донацијата на Србија за таа африканска земја, која се состои од 30.000 дози на вакцина Спутник V против коронавирус.

Договорот за донација, во главниот град на Намибија, Виндхок, го потпишаа Селаковиќ и министерката за надворешни работи на Намибија, Нетумбо Нанди-Ндаитва, кои за време на заедничкото обраќање изразија голема благодарност до таа земја за помошта во борбата против корона вирусот епидемија.

Нанди – Ндаитва рече дека солидарноста што ја покажува Србија е единствениот начин да се победи коронавирусот и рече дека не може ни да замисли дека само седум недели по разговорите на 2 јули со српскиот колега за соработка во борбата против ковид -19, министерот Селаковиќ да дојде во Намибија да потпише договор за донација.

„Не можев ни да замислам дека ќе отпатувате толку далеку од Белград за да го потпишете договорот за донација на вакцини Спутник V. Вашето присуство тука ја покажува српската солидарност со Намибија“, рече таа.

Слични содржини