Србија ги отвора училиштата од понеделник

од Nikola Popovski

Србија донесе одлука да ги отвори училиштата од 19 април, поточно за повисоките одделенија од основното училиште и за средношколците.

„Исто така цената на ПЦР-тестирањето во Србија е изедначена за нашите граѓани и странци, како поддршка на туризмот“, рекол д-р Предраг Кон по седницата на Кризниот штаб.

На седницата присуствувале српската премиерка Ана Брнабиќ, министерот за здравство Златибор Лончар, министерот за образование Бранко Ружиќ, министерката за култура Маја Гојковиќ, секретарот за здравство во провинцијата, Зоран Гојковиќ, епидемиологот Предраг Кон, инфектологот Мијомир Пелемис, имунологот Срѓа Јанковиќ и заменик градоначалникот на Белград, Горан Вешиќ.

Да потсетиме, д-р Предраг Кон претходно изјавил дека бројот на нови пациенти се намалува, но не толку брзо како порано, и колку брзо ќе падне бројот на новоинфицирани лица зависи од нас и колку ги почитуваме мерките.

Слични содржини