Србија го укина ПЦР тестот за граѓаните од пет земји во регионот, меѓу нив и Македонците

од Nikola Popovski

Укинувањето на задолжителниот ПЦР тест за сите што доаѓаат во Србија од С. Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Бугарија е уште една добра одлука за економска соработка во регионот, изјави денеска претседателот на Српската стопанска комора (ПКС), Марко Чадез.

„Регионот е наш заеднички дом. Затоа оваа одлука на министерот за здравство на Србија за укинување на задолжителниот ПЦР тест за сите што ќе дојдат кај нас од регионот е уште еден показател за подготвеноста да ги отстраниме бариерите меѓу нас“, рече Чадез.

Во соопштението на ПКС се наведува дека тој додал дека оваа одлука секако ќе придонесе за уште подобро економско поврзување на нивните компании.

Слични содржини