Србија губи дневно по повеќе од милион евра поради царините од Приштина

од Nikola Popovski

Српската економија губи еден милион и 39.000 евра на ден поради царините што ги наметна Приштина. Тоа го тврди вицепремиерот и министер за трговија Расим Љајиќ.

Тој посочува дека домашната прехранбена индустрија најмногу изгубила затоа што српските компании се речиси целосно потиснати од пазарите во Косово во овој период.

„За речиси 14 месеци даноци, на Косово од централна Србија се испорачани стоки помалку за 435 милиони евра, во однос на истиот период пред воведувањето даноци“, рече Љајиќ за Новости.

Според него, позициите на српските компании ја презеле компании од Грција, Бугарија, Унгарија, Хрватска, Словенија, Турција и Северна Македонија.

Љајиќ исто така рече дека без ЕУ, САД, Кина и Русија, како постојани членки на Советот за безбедност на ОН, тешко е да се очекува одржливо  решение за Косово, и рече дека извесен „Дејтон“ ќе биде потребен кога тоа прашање ќе се најде на дневен ред.

Слични содржини