Србија ја ограничи цената на месото, маслото, млекото, брашното и шеќерот

од Milan1

Владата на Република Србија на денешната седница донесе одлука за ограничување на цените на основните прехранбени производи, шеќер, брашно од типот Т-400, сончогледово масло за јадење, свинскo месо и млеко.

Ограничувањата на цените е донесена за да се отстранат штетните последици и да се спречат нарушувањата на пазарот и нема да се однесува на веќе намалените цени (продажби, сезонски попусти или промотивни продажби) како што важеле на 15 ноември 2021 година, туку за редовни, односно цени пред попустите.

Одлуката, која ќе важи за период од 60 дена, предвидува производителите да не смеат да ги испорачуваат овие производи во количини помали од просечните во последните 12 месеци, а за непочитување на горенаведените одредби, предвидени се парични казни како и забрана за вршење дејност во период од шест месеци до една година.

Со оглед на драстичното зголемување на цената на струјата на берзите во последните неколку месеци, Владата на Србија донесе Заклучок за цената на струјата за резервно снабдување со електрична енергија на крајните корисници кои немаат право на гарантирано снабдување по 1 декември, 2021 година.

 

Слични содржини