Србија ќе донира 50.000 дози од руската вакцина на Иран

од Nikola Popovski

Претседателот на Националното собрание во Србија, Ивица Дачиќ, вчера бил во Техеран на инаугурацијата на новиот претседател на Иран, Ебрахим Раиси, и изразил задоволство по средбата со иранските власти, наведувајќи дека Србија ќе донира 50.000 дози вакцини Спутник на оваа азиска земја.

„Србија и Иран се традиционално пријателски земји и тоа датира од времето на поранешна Југославија. Секогаш имавме меѓусебно разбирање за сите проблеми, двојни стандарди што ги има меѓународната заедница. Тука бев на инаугурацијата на новиот претседател Раиси и ги пренесов поздравите на претседателот Александар Вучиќ“, рекол Дачиќ пред новинарите.

Претседателот на Собранието наведува дека Србија ќе донира 50.000 дози вакцини за Иран.

„Ја пренесов одлуката на Владата на Србија да донира 50.000 дози Спутник V на народот во Иран. Знаеме дека тоа е мала количина за толку голема земја, но тоа е гест на пријателств“, потенцирал Дачиќ.

Слични содржини