Србија ќе им дава по 100 евра на младите

од Nikola Popovski

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ најави дека на почетокот на јуни ќе им бидат исплатени уште 100 евра на младите граѓани.

Вучиќ на ТВ Прва рече дека пријавувањето за таа државна мерка ќе започне на 15 март и изјави дека тоа е начин да им се помогне на семејствата. Според зборовите на министерот за финансии Синиша Мали, тогаш за помош се пријавиле 1.017.000 од нив.

Во февруари Вучиќ најави дека младите ќе добијат уште 100 евра на крајот на мај или почетокот на јуни.

Тој тогаш изјави дека имал средба со премиерката Ана Брнабиќ и министерот за финансии Синиша Мали, на која било договорено младите да добијат уште еден пакет државна помош по изборите на 3 април.

Слични содржини