СРБИЈА ОДИ НА РЕФЕРЕНДУМ: Познатo кога тоа може да се случи!

од Stefanija Kuzmanovska

Референдум за измени на Уставот на Србија може да се одржи на есен, односно пред парламентарните избори и распуштањето на Собранието.

По потврдата на Собранието за намерата за промена на Уставот на Србија, следен чекор е организирање референдум на кој граѓаните ќе гласаат за измените на највисокиот правен акт.

Според информациите до кои дошла редакцијата на „Ало“, референдумот може да се одржи наесен.

Националното собрание на Република Србија го поддржа предлогот за промена на Уставот.

Пратениците во Собранието на Србија го усвоија Предлогот за промена на Уставот, поднесен од Владата на Србија.

Сега се очекува продолжување на процесот што ќе доведе до промена на Уставот на Србија, а еден од следните чекори е одржување референдум.

Слични содржини