Србија повторно ни помага со воздухоплови за гаснење на пожарите

од Nikola Popovski
752 прегледи

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ синоќа соопшти дека, со одобрение на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот Милош Вучевиќ, српската полиција утринава ќе испрати два хеликоптери за да им пружи помош на припадниците на Секторот за вонредни состојби во гаснењето на пожарот што се прошири од Македонија до местото Козјак кај Бујановац, во близина на манастирот Прохор Пчињски.

Дачиќ информира и дека поради ширењето на пожарите во источниот дел на Македонија, а врз основа на официјалното барање на Центарот за управување со кризи на Владата во Скопје, Министерството за внатрешни работи на Србија ќе испрати хеликоптер „Агуста Бел 212“ со пет припадници на хеликоптерската единица и припадник на Одделот за вонредни состојби.

„Во акцијата за гаснење на пожарот во Северна Македонија, по добиено одобрение од колеги од таа земја, учествуваат 10 пожарникари-спасувачи со три теренски возила, кои работат во атарот на селото Магленце и спречување на натамошно ширење на пожарот кон територијата на Србија“, соопштил Дачиќ.

Во гаснењето на пожарот на крајно непристапниот терен на Козјак се ангажирани 43 пожарникари-спасувачи со 14 возила од противпожарните единици на Врање, Белград, Ниш, Лесковац, Крушевац, Смедерево, Панчево, Јагодина и Крагуевац.

Ова е вторпат како нашиот северен сосед ни испраќа помош за справување со пожарите откако кон средината на јули исто така испрати воздухоплови со повеќе членови на српската полиција.

Слични содржини