Србија: Примопредавање пари и апсење на помошник министер за земјоделство (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Дарија Јањиќ Нишавиќ, помошник на министерот за земјоделство и животна средина на Србија – Бранислав Недимовиќ, беше уапсена денес за примање мито во форма на месечна рата во износ од 1.000 евра што ја примила од Д. Ч., а предмлаку српското МВР објави видео од апсењето, како и моментот на предавање на парите.

Министерството за внатрешни работи на Србија објави видео на кое се гледа Д.Ч. како го чека помошникот министер со плик во рацете, а после тоа двајцата се наоѓаат во едно од кафулињата. После тоа, се гледа плик полн со динари, што Д.Ч. го предава на Дарија Јањиќ Нишавиќ.

Двајцата, според српските медиуми, имал договор Д.Ч. во следните две години да плаќа 1.000 евра додека трае спроведувањето на договорот за јавна набавка. Поточно, од осомничениот Д.Ч. однапред да добива месечна рата од ветените придобивки за да помогне во добивање договор во постапката за јавни набавки на Министерството за земјоделство од областа на услугите, што е поддржано од странски фонд за финансирање на земјоделството.

Слични содржини