Србија: Скоро 8.000 заразени, 48 лица починаа

од Stefanija Kuzmanovska

Во Србија во последните 24 часа се регистрирани 7.999 нови случаи на коронавирус, а 48 лица починале.

Во Србија вкупно 183.437 лица досега се заразиле со вирусот, а регистрирани се 1.652 смртни случаи.

Во моментов има 7.499 пациенти на болничко лекување, од кои 269 се на респиратор.

Во последните 24 часа биле тестирани 22.837 лица, а од март вкупно 1.800.419.

Слични содржини