Србија “тивко”  го признава Косово како независна држава , соопшти советник на косовскиот претседател Хашим Тачи, цитиран од МИА.

Целосното нормализирање на односите меѓу Косово и Србија, исто така, значи заемно признавање , кое веќе е направено и треба само да се формализира, истакна Арјдан Арифај.

“Одлуката е да се нормализираат односите меѓу Косово и Србија , да се помират и меѓусебно да се признаат”, рече Арифај во интервју за косовските медиуми.

Според советникот на Тачи, “тивокото” признавање на Косово од страна на Србија е веќе добро познато.

“Земјите само учествуваат во дијалогот за признавање на независно Косово од Србија де јуре и де факто. Се разбира, Србија треба официјално да го признае Косово”, истакна тој.