Србија: Уште 11 починати од коронавирус, 266 заразени

од Aleksandar Petrovski

Во последните 24 часа, од коронавирусот во Србија починале уште 11 лица, а 266 се заразиле.

Тестирани се 7.529 лица, а на респираторите има 120 пациенти.

Од почетокот на епидемијата починаа вкупно 352 лица.

Денес, Кризниот штаб одлучи да не воведе полициски час во Белград.

Од друга страна, во главниот град е воведена забрана за јавни собири за повеќе од десет лица.

„Првата мерка за Белград е целосна забрана за организирање на јавни организирани собири за повеќе од десет лица на отворено и затворено. Сите продавници и трговски центри ќе бидат затворени од 21 часот до 6 часот наутро. “, рече премиерката Ана Брнабиќ.

Слични содржини