Србин во Виена си ги убил сопругата и детето, па се самоубил

од desk2

Со семејна трагедија почна Новата година во Виена откако Србин ја убил сопругата, ја задавил ќерката и си пресудил.

Во трага на злосторството полицијата влегла откако минувачи на тротоар го нашле телото на мажот во вирче крв.

Набрзо го откриле неговиот идентитет и заминале во неговиот стан, кој бил во зградата пред која е најден.

Кога влегле внатре ја нашле мртва сопругата, која на телото имала бројни убодни рани.

Во другата соба полицијата го затекнала телото на десетгодишното девојче, кое било во бессознание.

Тоа итно е пренесено во болница, но по повеќечасовна борба за нејзиниот живот лекарите не можеле да ја спасат.

Според соопштението девојчето починало рано утрово.

Мотивите за злосторството се непознати, а се претпоставува дека се работи за семејна кавга.

Слични содржини