Сред бел ден се обидел да киднапира девојче кое било со нејзината баба (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Тригодишно девојче речиси било киднапирано среде бел ден од бездомник во населбата Бронкс во Њујорк, пишува Дејли Меил.

Во близина имало неколку храбри минувачи кои го исплашиле киднаперот, па тој го испуштил детето и побегнал.

Шокантниот настан е снимен од надзорна камера, а на видеото се гледа како скитникот им приоѓа на децата и киднапира девојче кое шетало со баба и нејзините двајца браќа.

Бабата веднаш почнала да трча по човекот што го земал девојчето, додека другите две деца останале во ужас да гледаат што се случува.

За среќа, во близина имало неколку храбри минувачи кои видоа што се случи. Човек кој наполнил гориво на блиската бензинска пумпа го исплашил киднаперот, па тој го испуштил детето и побегнал со скутер.

-Само ја чистев улицата кога мина таа жена со три деца. Одеднаш им пријде маж, фрли ќебе над девојчето и избега со неа во рацете, рекол Фермин Брасеро (63), кој исто така се нашол на местото на настанот.

 

Набргу по инцидентот, полицијата го пронашла 27-годишниот киднапер Сантијаго Салсед како спие покрај врата.

Тој бил уапсен и обвинет за киднапирање, обид за киднапирање и загрозување на безбедноста на децата.

Овој, за среќа неуспешен, обид за киднапирање е дел од севкупното зголемување на насилните злосторства извршени од бездомници, имајќи предвид дека нивниот број во Њујорк се зголеми за 103 проценти во изминатата деценија и продолжи да расте поради кризата со корона.

Во последните неколку години, бројот на бездомници во градот ги надмина податоците од времето на Големата депресија во 1930 -тите, објави хуманитарната организација Колик за бездомниците од Њујорк. Во август 2021 година, 47,979 бездомници, вклучувајќи 14,881 деца, спиеле во засолништата за бездомници во градот Њујорк.

Коалицијата за бездомници предупредува дека овие податоци се однесуваат само на бездомниците во засолништата, додека вкупниот број бездомници што лутаат по улиците и подземната железница на градот воопшто не е познат.

Слични содржини