Среда, 24 мај, е неработен ден за сите граѓани

од Radmila Tasevska
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 24 мај 2023 година (среда) „Св. Кирил и Методиј”, Ден на сесловенските просветители е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани во Република Северна Македонија им го честита празникот “Св.Кирил и Методиј”, Денот на сесловенските просветители.

Слични содржини