Средба Меркел-Ердоган на маргините на Самитот на НАТО

од Vladimir Zorba

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган и германската канцеларка Ангела Меркел се сретнаа во Брисел на маргините на дводневниот Самит на лидерите на членките на Североатланската алијанса.

Меркел во текот на состанокот, кој траел околу 40 минути, на Ердоган му ја честитала победата на неодамна одржаните избори.

Како што соопшти Кабинетот на Ердоган, на средбата од турска страна присуствувале и министерите за одбрана и за надворешни работи, Хулуси Акар и Мевљут Чавушоглу и портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин.

Во соопштението не се наведени детали за содржината на разговорите,

Слични содржини