Средба на Пендаровски со Макрон во вторник

од Ивана Рамаданова

Претседателот  Стево Пендаровски во вторник ќе се сретне со својот француски колега Емануел Макрон во Париз, информираат од кабинетот на претседателот. Средбата ќе се одржи на 12 ноември, кога Пендаровски ќе учествува на Парискиот мировен форум.

Претседателот Пендаровски вчера во изјава за медиумите рече дека се прават напори да се добие средба на што е можно повисоко ниво во Француската Република. Истакна дека дипломатијата продолжува со евроинтеграциите и дека фокусот е Франција.

Тој посочи дека во наредниот период треба да добиеме посилен сигнал дали наскоро ќе може да се измени крајно неповолниот исход на последниот европски самит пред се Франција која беше против почеток на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија. Париз инсистира на претходни внатрешни реформиво ЕУ и промена на методологијата за прием на нови земји членки.

Претседателот Стево Пендаровски ќе престојува во Франција од 11 до 13 ноември, а ќе има и обраќање на форумот на 12 ноември. На форумот се очекува присуство на повеќе од 30 шефови на држави и влади.

Слични содржини