Средба на претседателот Пендаровски со основачот и програмски координатор за зачувување на Охридскиот регион

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот Стево Пендаровски, ја прими Искра Стојковска, основач и програмски координатор за зачувување на Охридскиот регион од еколошкото здружение на граѓани Фронт 21/42.

Пендаровски на средбата бил информиран за мисијата и досегашните активности на здружението во насока на зачувување на исклучителните универзални вредности на Охридскиот регион, односно  спроведувањето на еколошката легислатива и унапредувањето на еколошката демократија, соопштија од Кабинетот на Пендаровски.

Тој оценил дека односот кон животната средина во С. Македонија веќе со децении бележи негативен тренд, нагласувајќи дека тоа е прашање што во никој случај не смее да им се препушти на идните генерации, туку да се дејствува веднаш, со одлучни и конкретни мерки.

Во таа насока претседателот Пендаровски ги охрабрил двете страни да соработуваат поинтензивно, бидејќи нивен заеднички интерес е заштита на културно богатство на Охрид и на Охридскиот регион.

Истовремено, тој го реафирмирал својот став дека сите треба да работиме за зачувување на Охрид како град на УНЕСКО. Тоа, како што нагласил претседателот Пендаровски, е предизвик што наложува континуиран, системски и бескомпромисен ангажман во кој не смее да има никакви калкулации.

На средбата присуствувал и претставник на Владата на Република С. Македонија.

Слични содржини