Средба на претседателот Пендаровски со претставници на Главниот одбор на Сојузот на борците од НОАВМ 1941-1945

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945, составена од претседателот на Главниот одбор на сојузот, Никола Стојановски и потпретседателот Борко Зафировски.

Делегацијата од Сојузот на борци од НОАВМ го информираше претседателот Пендаровски за актуелните случувања во нивната работа.

Претставниците на Сојузот на борци од НОАВМ, образложувајќи ја моменталната состојба во организацијата, го информираа претседателот Пендаровски за предизвиците во финансиското работење, што претставува проблем за нивно основно функционирање.

Слични содржини