Средба Нухиу-Смолек: Главниот фокус насочен кон идните планирани активности на Министерството за внатрешни работи

од Nikola Popovski

Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу одржа работна средба со Јурај Смолек, шеф на Оддел за сигурност и подрршка на заедниците при Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

– Двајцата соговорници во текот на средбата изразија задоволство од досегашната соработка и високо ја оценија посветеноста во исполнувањето на заедничките цели, искажувајќи цврста определба за натамошно унапредување. Главниот фокус беше насочен кон идните планирани активности на Министерството за внатрешни работи, а беа разменети и информации во делот на секојдневното работење, со осврт на актуелните предизвици и можност за реализирање на обуки и проекти од значење за работењето на МВР, соопштија денеска од МВР.

Оттаму информираа и дека Нухиу и Смолек, изразиле отвореност за натамошна соработка, во полза на заедничките цели за вработените во Министерството.

Слични содржини