Средба Павлопулос-Меркел

од desk2

Од голем интерес за Германија е Грција, не само да остане член на Европската Унија, туку и да биде нејизна силна членка, изјави денеска во Атина германската канцеларка Ангела Меркел на средба со грчкиот претседател Прокопис Павлопулос.


Како што јави дописничката на МИА од Атина, Меркел и Павлопулос на нивната средба во Претстедателската палата утрово разговараа за повеќе теми како од билатерален, така и од европски интерес.
Германската канцеларка изјави дека откако Грција успеала да ги заврши европските програми, започнува нова фаза во која Германија сака да ја поддржи на билатерално ниво со низа соработки, но ги спомена и грчките барања од минатото.

– Преземаме апсолутна одговорност за историската обврска и одоворност што ја имаме. Знаеме за злосторствата извршени во Грција од страна на нацистите. Затоа „од срце“ да ја поддржиме Грција во корист на двете држави, рече германската канцеларка на почетокот од средбата со Павлопулос.

Во однос на проблемот со мигрантите, Меркел истакна дека Германија отсекогаш потенцирала дека Грција не може да биде оставена сама, бидејќи поради географската положба е „принудена да прифаќа толку многу луѓе“.

– Знаеме дека дури и денес ситуацијата на доста острови е многу тензична. Затоа, од германска страна ќе поддржиме заедничка бегалска политика и политика на азил на европско ниво, бидејќи веруваме дека секоја земја треба да придонесе во решавањето на овој проблем, објасни Меркел.

Грчкиот претседател од своја страна се осврна на излезот на Грција од програмите на штедење.

– Ние, Грците, покажавме, како што сите денес го препознаваат тоа, колку сме свесни Европејци, бидејќи без грешка го следиме нашиот креативен тек во Европската Унија и Еврозоната, секако плаќајќи висока економска и социјална цена, дури и за грешките што не би можеле да ни се припишат, рече Павлопулос, додавајќи дека Меркел одиграла голема улога во одбраната на европскиот тек на Грција, а со тоа и сплотеноста на ЕУ и еврозоната.
За иднината на Европската Унија, грчкиот претседател спомена три приоритети: заедничка надворешна и безбедносна политика, развој на ЕУ и еврозоната и одбрана на европското социјално владеење на правото.
Во однос на окупаторскиот заем и воените репарации, грчкиот претседател рече дека тоа е цврста позиција на Грција и правно активна, а решението на прашањето „треба да биде врз база на заедничката меѓународна и европска правна култура”.

Слични содржини