Средба Пендаровски – Анастасијадис во Израел

од Stefanija Kuzmanovska

За темите поврзани со регионалните случувања станало збор на средбата во Ерусалим на претседателите на С. Македонија и Кипар, Стево Пендаровски и Никос Анастасијадис, според соопштението од кабинетот на кипарскиот претседател, јави дописничката на МИА од Атина.

Пендаровски и Анастасијадис се сретнаа на маргините на Форумот во Израел по повод Меѓународниот ден за сеќавање на Холокаустот.

-На средбата се разговараше за прашања поврзани со регионалните случувања, а претседателот Анастасијадис го информираше претседателот Пендаровски за развојот на настаните во кипарското прашање и за турските нелегални активности во кипарската Ексклузивна економска зона, соопштуваат од кабинетот на кипарскиот претседател.

Како што веќе објави МИА, од кабинетот на претседателот на С. Македонија соопштија дека на средбата Пендаровски изразил задоволство од воспоставените дипломатски односи и истакнал дека нашата држава е целосно подготвена за заеднички развој на пријателски односи со Кипар во областите од заеднички интерес, особено во културата, трговијата и туризмот.

Слични содржини