Средба со Петков ќе има откако ќе се формира Владата, вели Османи

од Берта Китинска

„Очекуваме конструктивни разговори со новата влада во Република Бугарија, враќање на довербата, разговор по однос на суштинските прашања коишто ги имаме на маса и брзо деблокирање на процесот“, рече денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Тој предвидува интезивирање на кумуникацијата помеѓу Бугарија и С.Македонија уште во првите недели во Новата година.

„Кога ќе се состави новата влада тогаш ќе се договри и средбата помеѓу Петков и Ковачевски. Ние во меѓувреме ќе работиме во подготвителните активности за остварување. Целта на средбата ќе биде враќање на односите во еден нормален, европски, евроинтеграциски колосек и враќање на довербата во надминување на спорот со Софија“, рече Османи.

Во врска со изјавата на албанскиот премиер, Еди Рама за одвојување од пакетот Османи оцени дека неформалното политичко групирање на Албанија и на Северна Македонија е во интерес на двете држави.

„Овие процеси се циклични, денеска Албанија нема проблем, Северна Македонија има, меѓутоа во 2019 година беше обратна ситуацијата, ние немавме проблеми, Албанија имаше проблем. Доколку краткорочно гледаме, можеби ќе имаме одреден интерес за еден чекор во процесот, меѓутоа долгорочно сметам дека со регонална динамика двете држави ќе добијат. Затоа сметам, ако е ова аргумент плус, за убедување на албанските државјани, на албанската Влада, дека неформалниот регионален пристап е во интерес на двете држави, па и на регионот во целина. Но, Албанија има право да бара такво нешто бидјеќи процесот е индивидуален“, појасни министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Слични содржини