Средбата меѓу Дончиќ и Ѓоковиќ стана вирална на интернет (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Новак Ѓоковиќ со своето присуство на пријателскиот натпревар меѓу Словенија и Србија, кој се одигра во Стожице, предизвика голем ентузијазам, а од него не можеше да побегне ниту Лука Дончиќ.

Словенците победија против тимот на Светислав Пешиќ со резултат 97:92 по продолжение со одличната игра на ѕвездата на Далас Маверикс, која постигна 34 поени и го предводеше својот тим до победата.

Еден од најдобрите светски кошаркари и прва ѕвезда на словенечката репрезентација ја искористи можноста по последниот звук на сирената да разговара со Новак, а колку тоа му значеше се гледаше од однесувањето на Дончиќ.

Младиот Словенец постојано се смешкаше, а набрзо социјалните мрежи беа преплавени со фотографии од нивната средба.

Видеото беше споделено на официјалниот Твитер профил на словенечката кошаркарска репрезентација.

Слични содржини