Среде борбата за Скудетото, Милан го комплетира првото летно засилување!

од Vladimir Zorba

Милан е среде трката за Скудетото бара засилување во одбраната.

Посебно чувствително е местото „стопер“, а според италијанските медиуми изборот паднал на – Свен Ботман.

Фабрицио Романо пренесува дека Милан е многу блиску до договор со Лил околу купувањето на 22-годишниот млад репрезентативец на Холандија.

Се чини дека Ботман ќе биде првото летно засилување на „росонерите“, фудбалерот веќе е подготвен да ја прифати адекватната понуда на клубот од „Сан Сиро“, а се очекува наскоро целата работа да биде завршена.

Дефанзивецот е проценет на 30 милиони евра, колку што Французите бараат од продажбата на својот бисер.

Во тековната сезона Ботман одигра 28 натпревари во сите натпреварувања, постигна три гола и забележа една асистенција.

Слични содржини