Средношколец од „Арсени Јовков“прободен со нож од соученик

од Vladimir Zorba

Средношколец во СУГС „Арсени Јовков“ бил прободен со нож од соученик, попладнево за време на расправија. Инцидентот го потврдија од МВР.

-Во 11.08 часот во СВР Скопје било пријавено дека во ГОБ „Наум Охридски“ било донесено повредено малолетно лице. Според пријавеното, малолетникот околу 10.50 часот по претходна вербална расправија, бил нападнат со остар предмет од негов врсник од истото училиште. Напаѓачот е обезбеден од страна на полициски службеници и заедно со родителот се упатени во ПС Чаир, велат од МВР.

Повредениот средношколец бил сериозно повреден, но сега е во стабилна состојба.

Слични содржини