Средношколци се степале во двор на училиште

од Nikola Popovski

Две група малолетници се степале во двор на средно училиште во Велес, информираат од МВР.

Како што информира попладнево портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, во тепачката учествувале тројца малолетници од населба Чашка, од една страна и двајца малолетници од село Извор и село Оморани, од друга страна.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, најави Додевски.

 

Слични содржини