Средношколците фрлаа со јајца кон МОН, од таму одлучни: „Државна матура ќе има“

Протестите кои денес се оддржаа пред Министерството за образование и наука, организирани од „Средношколски глас“, резултираа со фрлање на јајце кон објектот.

Ова произлезе од барањата на средношколците и оваа година да не се полага државна матура, на што од министерството негативно одговорија, односно уште еднаш потенцираа дека државната матура ќе се реалира.

Средношколците пак кои денеска протестираа им дадоа рок на МОН до вторник да одговорат на нивните барања и годинава, како и лани да не се полага државмата матура. Бараат да остане само проектната задача, како и да им се овозможи полагање на оние средношколци кои сакаат да се запишат на факултети надвор од државата.

Тие прво се собраа пред МОН, за подоцна да го блокираат булеварот пред оваа институција, а својот револт го искажаа и со фрлање јајца кон објектот на МОН. Дел од нив беа легитимирани од полицијата и предупредени да не го нарушуваат јавниот ред и мир.

Слични содржини