Средношколците на протест против целосна онлајн настава

од Берта Китинска

Сојузот на средношколците најавија протест за 31 август, преку кој сакаат да го искажат нивното незадоволство од одлуката за целосното имплементирање на онлајн наставата. Протестот е презакажан, откако првично беше најавен за 28 август поради празникот Голема Богородица. 

-Протестираме против одлуката за целосна онлајн настава. Се залагаме за комбиниран модел, каде што дозволуваат условите да се применуваат различни локални методи. Рутата на протестот останува иста – започнуваме пред МОН, а протестот завршува пред Владата на РСМ , известуваат од Сојузот. 

 Во саботата, Сојузот ја соопшти својата одлука за средношколски протести на 28 август, само еден ден по средбата на Сојузот на средношколците со владините претставници. 

 Имајќи го предвид големиот христијански празник Голема Богородица, Сојузот на средношколци ја информира јавноста дека протестот е одложен за понеделник,31 август. Бараме разбирање од јавноста со оглед на важноста на празникот, известуваат од Сојузот во своето соопштение. 

 Делегација од Сојузот на средношколците беше примена во Владата на 21 август, а на средбата беа детално запознаени со владината одлука за моделот по кој ќе се организира наставата во основното и средното образование во услови на Ковид –19. Од Владата најавија дека ќе соработуваат со средношколците за усовршување и најдобра имплементација на моделот на наставата. 

На средбата присутни беа претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, заменичка на претседателот на Владата задолжена за економски прашања, Мила Царовска, министерот за образование, Арбер Адеми, министерот за здравство, Венко Филипче и заменик-министерката за образование, Елизабета Наумоска. 

 Изминатата неделаод Сојузот на средношколци реагираа дека средношколците биле исклучени од процесот на носење на одлуката за тоа како да продолжи наставата од септемвриво услови на пандемијаИсто така,  незадоволни од реализацијата на наставниот модел за учебната 2020/2021 годинаСојузот на средношколци најави можни протести и бојкот на наставата. 

Слични содржини