Средношколците постигнaа компромис за едно барање: Државната матура ќе биде со едноставни прашања

од Берта Китинска

Денеска средношколците побараа да се намали бројот на предмети за полагање, па наместо четири, да полагаат само два екстерни. Исто така, училишниот материјал што беше изучуван за кризата преку далечинско учење и онлајн пларформите, да не биде вклучен во испитот на државна матура во 2021 година.

„Имаме компромис за второто барање. Материјалот што е учен за третата и четвртата година откако почна кризата ќе има многу едноставни прашања во испитот на државната матура. Тоа ќе биде многу полесно за средношколците да ја полагаат државната матура“, рече Бленди Ходаи од Сојуз на средношколци по состанокот со министерката Царовска.

Слични содржини