Српска фирма им дава на вработените до 6.000 динари доколку се вакцинираат

од Nikola Popovski

Приватна компанија од Параќин одлучилз да им исплати парични стимулации на вработените доколку се вакцинираатпротив коронавирусот.

Во одлуката на компанијата „Љуба-инвест“, објавена на социјалните мрежи, се вели дека вработените на возраст под 40 години ќе добијат по 6.000 динари доколку примат вакцина до 15 април.

Луѓето постари од 40 години кои се вработени во таа компанија, ќе бидат наградени со 4.000 динари доколку се вакцинирани.

Слични содржини