Српска кошаркарка: Во клубот ме донесоа затоа што претседателот сакаше секс со мене, по 3 месеци ме избркаа

од Aleksandar Petrovski

Поранешната српска кошаркарка Милица Дабовиќ вели дека претседател на еден кошаркарски клуб сакал да спие со неа, и смета дека затоа била донесена во клубот.

Таа била избркана, како што кажува, по три месеци, без притоа да биде платена.

– Ми се случуваше да ми нудат големи пари за една вечер. Сега не е важно колкава сума е, но планирам да откријам сè во книгата што ја пишувам. Тоа ми се случи додека играв во Турција, а ме донесоа во еден грчки клуб затоа што претседателот на клубот сакаше да спие со мене – вели Милица.

– Па, кога тоа не се случи, тие ме избркаа после три месеци без да ме платат. Среќна сум што никогаш не ги раширив нозете, дури ни кога заработував 20.000 евра месечно, дури ни кога немав динар. Секогаш има избор, јас тоа не го правев досега, зошто би започнала сега? Особено затоа што имам дете и не сакам некој да ме покажува со прст – вели Дабовиќ.

– Нема поголемо задоволство отколку да одите со подигната глава. Знам дека образот ми е чист и можам да спијам мирно. Јас не судам за никого затоа што која сум да судам, секој има право на свој избор. Почнувам од себе, и верувам дека тогаш секој ќе ме процени за моите избори. Никогаш не се чувствував како роба затоа што никогаш не дозволувам некој да ме купи – рече таа за магазинот Ало.
Иако не кажа конкретно за кои клубови станува збор, со оглед на земјите за кои зборува, јасно е дека тие се клубот „Бешикташ“ (2008-2009), и клубот „Палео Фалиро-Гречео“ каде што замина во 2009 година.

Додека играше за Бешикташ, таа позираше гола за магазинот ФХМ поради што луѓето од клубот го раскинаа договорот со неа. Милица ги тужеше и победи во спорот, но никогаш не се врати таму.

Слични содржини