Српска листа ќе учествува на изборите во северно Косово

од desk2

Српска листа ќе учествува на изборите во северно Косово, откако косовската комисија за жалби и претставки ѝ наложи на Централната изборна комисија (ЦИК) да ги потврди кандидатите на партијата на косовските Срби, за претстојните локални избори.

Со оваа одлука се поништи вчерашната одлука на ЦИК, со која им се забрани учеството на кандидатите од редовите на најголемата партија на Србите во Косово на вонредните избори во четирите косовски општини со мнозинско српско население.

Вонредни избори на 19 мај треба да се одржат во општините Лепосавиќ, Зубин Поток, Звечане и Северна Митровица, откако во ноември градоначалниците Срби поднесоа оставки во знак на незадоволство поради тоа што Владата во Приштина воведе такса од 100 отсто на увозот од Србија и Босна и Херцеговина.

Слични содржини