Српска „Нова“: „Исчезната“ жртва на Беливук живее во странство

од Nikola Popovski

Во изминатите неколку дена српската полиција спроведува нови претреси во викенд-куќата во Ритопек, која ја користеле членовите на групата на Вељко Беливук, а како што дознава порталот Нова.рс, една од жртвите на Веља Неволја, која била измачувана, во моментов живее во странство.

Според порталот Нова.рс, на списокот на исчезнати мажи, за кои постои сомневање дека биле убиени од групата на Веjко Белувук, има и име на човек кој е жив и моментално е во странство.

Имено, станува збор за лице кое било мачено, а засега не е познато дали станува збор за личност од фотографиите, што српскиот државен врв ја презентираше на прес-конференцијата по апсењето на групата на Беливук.

Во последните претреси на викенд-куќата на Беливук, меѓу другото, била пронајдена и тајна просторија во продолжението на гаражата на споменатиот објект, во која е пронајден арсенал оружје.

„Собата е одвоена со подвижен ѕид што се движи по шини. Во таа просторија беа пронајдени шкаф и сандак со оружје, вклучително и снајпер со друбин“, наведува весникот „НИН“.

Од друга страна, медиумите блиски до српскиот власти наведуваат дека во викендичката е пронајдена индустриска машина за мелење месо.

Засега е непознатo за што се користела.

Групата на Веjко Беливук беше уапсена на почетокот на февруари годинава во голема акција на Српското министерство за внатрешни работи и БИА. Оваа криминална група, чии водачи се Вељко Беливук и неговиот најблизок соработник Марко Миљковиќ, е осомничена за најтешки кривични дела од тешки убиства, киднапирања, до изнуда.

Слични содржини