Српски епидемиолог: Србија е на излез од епидемијата, маските на отворено се бесмислени

од Nikola Popovski

Епидемиологот Предраг Кон денес изјавил дека Србија е на излез од епидемијата, но дека мора да почекаат процентот на новозаразени меѓу тестираните да падне под 0,5 проценти со цел да се каже дека станува збор за спорадични случаи, додавајќи дека домовите за стари лица тие нема да бидат отворени за контакти се додека вирусот не го снема.

Кон исто така за РТС изјавил дека во текот на јуни „веројатно“ може да се очекуваат и „џебови на епидемијата“.

„Мораме да бидеме внимателни“, посочи Кон, „затоа што постои можност вирусот да влезе меѓу ранливите групи, како што се домовите на старите луѓе“.

Овие капацитети, експлицитно изјавил тој, нема да бидат отворени за контакти се додека вирусот не го снема целосно.

Кон исто така објаснил дека носењето маска на отворено е „бесмислено“, бидејќи два метра помеѓу луѓето е доволно растојание за безбедност.

„Маските се неопходни, скоро „обврзувачки“ за лица над 65 години и хроничните пациенти, сè додека не се објави дека вирусот повеќе го нема, а потоа и тие можат да се опуштат“, заклучува Кон.

Слични содржини