Српски медиуми: Бреговиќ се повредил на мотор во Париз

од Stefanija Kuzmanovska

Порталот „Нова.рс“ пренесе дека од извор близок до семејството на Горан Бреговиќ добиле информации дека музичарот го повредил рамото додека се возел на мотор во Париз, поради што на крајот на минатиот месец морал да откаже неколку концерти во Мексико.

Според нивниот извор, музичарот Горан Бреговиќ неодамна доживеал несреќа на веспа во Париз, кога паднал и го повредил рамото.

Неговата рака моментално е имобилизирана, поради што, како што навел изворот, музичарот морал да ги откаже концертите во Мексико, кои беа закажани за 26 октомври, 29 и 30 октомври годинава.

Слични содржини