Српски медиуми: Почина митрополитот Амфилохије

од Vladimir Zorba

Вечерва почина црногорскиот митрополит Амфилохије Радовиќ, пренесоа неколку српски медиуми.

Потсетуваме, при денешниот контролен преглед, откриено е дека митрополитот Амфилохије имал потешкотии при дишењето со болка во градите.

Сите анализи биле направени веднаш. Исто така, скенер за пулмонална артерија и скенер за бели дробови.

Снимката покажала дека причина за отежнато дишење и болка е појавата на воздух во средниот дел на градите или пневмомедиостинумот, што често се случува во ситуации кога пациентот има чувствителни бели дробови поради времетраењето на воспалителниот процес.

Митрополитот беше поврзан со апарати за дишење, а од 6 октомври владиката е во болница на лекување поради коронавирусот.

Слични содржини