Регионалните медиуми за најавата на Заев за легализација на марихуаната: „Со мали зелени против Грци и Бугари“

од Берта Китинска

„Скопје и Охрид како Амстердам, Заев за легализација на марихуаната“,„Нова идеја за охрабрување на туризмот, Заев најави легализација на марихуаната“,„Помош за туризам: Заев најави легализација на марихуаната“,„Северна Македонија најавува легализација на марихуаната“, „Со мали зелени против Грци и Бугари“ се дел од насловите во регионалните медиуми кои на широко ја пренесуваат најавата на премиерот Зоран Заев дека ќе се легализира марихуаната во земјава.

Во материјалите пишувани од медиумите од Белград до Љубљана може да се прочитаат зборовите на македонскиот премиер во интервјуто за Дојче Веле, во кое вели дека идејата е да се обезбеди марихуана во туристички места, вклучително и во Скопје, да се консумира марихуана во постојни и нови кафулиња, да има одредени стандарди за вентилација и доказ за потеклото на марихуаната.

Премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, најави декриминализација и легализација на марихуаната во туристички дестинации.

Тој го најави ова како дел од новиот пакет економски мерки за стимулирање на економијата како во Амстердам.

„Идејата е да се обезбеди марихуана во туристички места, вклучително и во Скопје, да се консумира марихуана во постојни и нови кафулиња, да има одредени стандарди за вентилација и доказ за потеклото на марихуаната“, рече Заев и додаде:

„Верувам дека тоа може да донесе сериозен развој на угостителството и туризмот во една мала земја, имајќи ги предвид нашите прекрасни туристички места: Струга, Охрид, Ресен, Дојран, Скопје, Берово, Маврово и сите други.

Според него, тој план е под јавна расправа и доколку се покаже дека општото јавно мислење е позитивно, законот за тоа ќе биде подготвен.

Слични содржини